еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица

Земјотресите со епицентар во Кахраманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија.

Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа на векот“ е почувствуван на површина од илјада километри, а, како што рече Ердоган, предизвикал уништување на површина од 500 километри.

Турските служби вчера соопштија дека засега бројот на загинати во Турција изнесува 21.848 луѓе. Во соседна Сирија загинале уште 3.553 лица, со што вкупниот број на починати од земјотресите изнесува 25.401 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Државниот пазарен инспекторат апелираат на внимание при онлјан купување

Редакција

Русија забрани извоз на воена опрема за 40 земји, меѓу кои е и Македонија

Редакција

Технокомерц продава имот во вредност 1,5 милион евра

Редакција