еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Димитров и за пратеничката плата на Груевски

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на 81-та седница треба да расправа за интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа точка пратениците требаше да дебатираат вчера, но поради обврски на министерот Димитров беше одложена за денеска.

Иницијаторите на интерпелацијата го обвинуваат Димитров дека несовесно и неодговорно ја извршува функцијата, како и за лошо водење на дипломатијата на штета на националните и државните интереси, а му забележуваат и за Договорот од Преспа.

На дневен ред на седницата, меѓу другото, е и предлогот на неколкумина пратеници за дополнување на Законот за пратеници, со кој кога ќе се усвои, на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

– Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи членот што пратениците го предлагаат како дополна на Законот.

Доколку се изгласа предлогот, Груевски ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експремиерот останува без пратеничка плата: Што пишува во „законот за Груевски“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст: 805 нови случаи на Ковид-19 од 6.980 тестирањa

Редакција

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Редакција

Вкупно 1.072 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 939

Редакција