еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година

Собранието, попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни.

Според Бесими, Буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит.

Оценката на опозицијата, пак, која најави дека ќе гласа воздржано, е дека Буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.

За Дополнетниот буџет на пленарна седница се расправаше пет дена. Дополнетиот буџет беше доставен во Собранието откако Владата ги вгради прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Во Буџетот за 2023 година, растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Во него се предвидени околу 250 милиони евра за надминување на предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и средства за редовна исплата на платите и пензиите и за поддршка на фирмите и земјоделците.

Ова е прв буџет донесен согласно Законот за буџети и според Владата, тој е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза и кон непречено финансирање на евроинтеграциите и со него се поставува основата за економско заздравување, забрзување на економскиот раст и за постепена фискална консолидација.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 632 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје 169

Редакција

„Никоб“ го доби тендерот на општина Ѓорче Петров за обезбедување на објекти „тежок“ 195.000 евра

Редакција

(Фото) Битола во Зимска приказна од денес до 1 јануари

Редакција