еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 во Гостивар починаа две лица, 68 пациенти на кислородна подршка

Бројката на заразени со корона вирусот во гостиварскиот регион и натаму расте. Притисокот најмногу се чувствува во најголемата здравствена установа, општата болница „Ферид Мурад“.

Таму веќе се врши реорганизација на одделенијата и се прават дополнителни приклучоци за доток на кислород, неопходен за лекување на пациентите.

Во моментов во гостиварската болница се лекуваат над сто пациенти, од кои повеќето на кислородна поддршка.

– Ситуацијата е критична. Но, по денешните консултации што ги имавме со персоналот задолжен за лекување на пациентите со Ковид-19, синоќа беа примени помалку за разлика од претходните денови. Во моментов во гостиварската болница болнички се лекуваат 108 лица.

Вчера, во амбулантата на инфективното одделение имало 42 прегледи од каде што некои пациенти беа испратени во „ковид одделенијата“ и модуларната болница. Од 108 пациенти, на 68 им се дава терапија со кислород.

За жал, имавме и два смртни исходи, вели директорот на Општата болница, Јакуп Јакупи.

Тој нагласи дека работат на обезбедување дополнителни слободни места за прием и лекување пациенти на кои тоа би им било потребно.

Болничката управа е во директен контакт и се координира со Министерството за здравство за да се справи со напливот на пациенти. Денес се анализирале и можностите доколку се појави потреба некои пациенти да бидат префрлени во поблиски здравствени установи.

– Воспоставивме директни контакти со директорите на болниците во Струга, Охрид, Прилеп и Битола и доколку биде потребно нашите пациенти ќе ги превезуваме таму. Се надевам дека тоа нема да се случи, но ситуацијата е непредвидлива, рече Јакупи.

Засега во гостиварската болница има места за болничко лекување и како што подвлече, напорно се работи да се зголеми капацитетот за третман на пациентите со кислород.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Тетово и Гостивар: Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19

Eден починат од Ковид-19 во Тетово, 119 хоспитализирани се на кислородна поддршка, четворица од нив вакцинирани

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна судскиот спор во кој министерката Петровска го тужи пратеникот Ковачки: Бара оштета од 10.000 евра

Редакција

Ахмети го спореди случајот „Рекет“ со народната изрека „алчноста го уништува човекот“

Редакција

„Макстил“: Непроценливи штети од прекинот на железничкиот сообраќај поради оштетувањето на дел од пругата

Редакција