еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Советот на ЕУ препорачува намалување на антибиотиците за 20% до 2030 година

Министрите за здравство на земјите-членки на Европска Унија на денешниот состанокот во Луксембург усвоија препорака за намалување на потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото и намалување на потрошувачката на антибиотици за 20 отсто од 2030 година.

– Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната резистенција беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите на ЕУ алатки за следење и намалување на потрошувачката на антимикробни средства, истакна шведски министер за социјални работи и јавно здравје, Јакоб Форсмед.

Антимикробните средства се лекови од критична важност. Сепак, поради нивната прекумерна употреба и злоупотреба со текот на годините, антимикробната резистенција е зголемена, што значи дека антимикробните средства ја губат својата ефикасност, што го прави сè потешко или невозможно лекувањето на инфекциите.

Здравството е во надлежност на земјите-членки, затоа Советот на ЕУ не може да донесува обврзувачки регулативи, туку препораки кои земјите-членки можат да ги спроведуваат на доброволна основа.

Препораката е фокусирана на превенција и контрола на инфекции, надзор и мониторинг, иновации и достапност на ефективни антимикробни средства, претпазлива употреба и соработка меѓу земјите-членки и на глобално ниво.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tетовец измамен за 21.000 евра, уплаќал пари во фирма од Германија за роба

Редакција

Каков имот пријавил Костадин Костадинов, новиот градоначалник на Струмица

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за задолжителен референдум за раскинување на договорот со Бугарија

Редакција