еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Министерството за здравство вчера информираше дека починале две лица кои биле заболени од корона вирусот.

Починаа пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица на 67 година, хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Регистрирани се два смртни случаи, од Прилеп и Струмица. Случаите биле на возраст од 67-73 години.

Истите биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември и Клиника за неврохирургија каде и починале.

Двата случаи имале коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.)„, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Од почетокот на епидемијата на корона вирусот досега вкупно починаа 151 лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Велес имаат поголема кумулативна инциденца од Дебар

Повеќе од половина од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај

Голем раст: 313 лица до 19 години во Македонија се заразени со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2021 година

Редакција

Тетекс откупи 704 сопствени акции

Редакција

Телма: Камчев понудил 1,7 милиони евра за домашен притвор, Апелација го одбила

Редакција