еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето за „ТНТ“ најверојатно ќе почне отпочеток, по Нова година

Судењето за случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, ќе продолжи на 17 јануари 2020 година.

Претходно, Судот го отфрли барањето на Обвинителството за раздвојување на постапката против обвинетиот Тони Трајковски и членовите на Комисијата, како неоснован.

Трајковски не беше присутен на денешното судење, за кого неговиот бранител рече дека е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија.

Судијата Огнен Ставрев информираше дека добил поднесок од адвокат Јовица Страшевски дека Тони Трајковски може да дојде на судењето евентуално денеска по 15 часот или утре.

Поради тоа, обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката.

– Во однос на новонастанатата ситуација сметам дека се исполнети услови за раздвојување на постапката за обвинетите Тони Трајковски и членовите на комисијата, со кои заедно ги сториле прекршувањата. Апсурдно би било да не се раздвои постапката и да се врати на почеток, кога истата се наоѓа во сосема крајна фаза и обвинетиот Миле Јанакиески веќе има дадено исказ пред судот, рече Рустеми.

Бранителот на Миле Јанакиески, адвокатот Еленко Миланов, рече дека раздвојувањето со правната формулација што ја има во моментот не може да биде направена за неговиот клиент.

– Не може да има пресуда за поттикнување или помагање на дело без пресуда за сторителот, изјави Миланов.

Обвинетиот Миле Јанакиески рече дека ако само се бара неговата глава, нека се издвои постапката.

– Целта на судењето е да се дознае вистината. Ако Тони Трајковски, кој е оска на сите случувања, се издвои нема да се дознае вистината, рече Јанакиески.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Во судница беа присутни и оштетените Фијат Цановски и Ардијан Амзоски.

За делото се обвинети повеќе лица меѓу кои и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара раздвојување на постапката против Тони Трајковски во случајот „ТНТ“

Тони Трајковски не дојде на судењето за „Космос“ бидејќи бил нападнат: Судијата бара полицијата да го доведе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Објавување документи со информации од висок јавен интерес суштинска задача на медиумите

Редакција

Нови 155 случаи на Ковид-19 од 1.179 тестирања

Редакција

Филипче: Резултатите од мерките ќе ги видиме за еден месец, нема потреба од полициски час

Редакција