еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

Кривичниот суд и ја отфрли жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд.

Судот синоќа одреди триесетдневен притвор за специјалната јавна обвинителка Јанева. Притворот го бараше Јавното обвинителство поради основано сомнение дека Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист.

Судијата Сеад Реџепагиќ вчера ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

Обвинителката Вилма Рускоска вечерва по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека заедно со јавниот обвинител сметале оти во овој момент било неопходно да и се одреди мерка притвор на Јанева. Истакна дека истрагата продолжува и оти засега нема други осомничени што не значи дека таа не може да се прошири и на други лица.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева, чиј глас се слушаше во снимките објавени од италијанскиот весник „Ла Веритас“, во кои таа на главниот осомничен за случајот „Империја“ Орце Камчев му вели „се ќе биде добро“ е третоосомничена во случајот „Рекет“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Новата епизода од „Рекет“ во светските медиуми: Притворот на Катица Јанева одекна и во Кина

Стеван Павлески ќе ја застапува само Јанева, се откажа од Панделевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влатко Ѓорчев побара од Судот милост за обвинетите за „27 април“

Редакција

Дизелот поевтинува за еден денар

Редакција

„Јутарњи лист“ за убиството на децата во Хрватска: Искусниот финансиски консултант на „Фејсбук“ најави дека може да се случи нешто страшно

Редакција