еМагазин
Image default
Македонија

Судска опомена за градоначалникот Курто Дудуш, кој призна дека го нападнал Демир Исмаил

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш доби судска опомена откако денеска на судењето призна дека го нападнал Демир Исмаил на одржувањето на ромскиот бал и изрази жалење за стореното дело.

Против Дудуш има уште една судска постапка, во која Исмаил бара отштета од градоначалникот.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа што Дудуш за физички напад добил само судска опомена.

„Да потсетиме дека насилникот, градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш во неколку наврати напаѓа и тепа граѓани, но тоа не е доволно судот да го осуди за кривично дело, туку само му дава  опомени,“ рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Фејсбук/Дудуш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Музејот на УЧК во Сопот не е на приватен имот, туку на државно земјиште и е дивоградба, велат од Општина Куманово

Редакција

Македонските граѓани полесно ќе може да патуваат во Австрија

Редакција

Османи на шведската колешка Линде и врачи постхумно признание за Ана Линд, по повод триесетгодишната независнот

Редакција