еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје

Судскиот Совет денеска избра вкупно 25 судии за повеќе основни судии како и за Основен Кривичен суд – Скопје.

По првиот Оглас од Службен весник на РСМ бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола и тоа судиите Петар Чаловски, Елена Жоровска и Горан Димовски.

Во Основниот суд Свети Николе беше избрана Драгана Илиоска, во Основниот суд Струмица Катерина Тодорова, а во Основниот суд Тетово, Бојана Тоиќ и Муса Реџеп.

По огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.112/23 беше избран уште еден судија во Основниот суд Битола, односно Иван Колевски, осум во Основниот граѓански суд Скопје и тоа Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Катариниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан.

Во Основниот кривичен суд Скопје беа избрани седум судии, односно Марија Беговиќ, Биљана Смаќоска, Драгана Исакоска, Драган Јосифовски, Ахмет Идризи, Фросина Стојаноска, Кирил Георгиев и двајца во Основниот суд Струмица – Билјана Иванова и Костадин Ѓорѓиев.

Судијата кој беше избран во Основниот кривичен суд Скопје, Кирил Георгиев, е син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од функцијата во Советот.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор Трајковски: Одењето на свадба со една доза вакцина нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

Редакција

Во март раст на депозитите кај домаќинствата, пад кај фирмите

Редакција

Скопски „Бетон“ го доби тендерот за рехабилитација на патот Куманово-Страцин вреден 7 милиони евра

Редакција