еМагазин
Image default
Македонија

Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска

Судскиот совет најостро го осудува однесување на јавната обвинителка Вилма Рускоска и смета дека е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

Од Судскиот совет преку соопштение наведуваат дека како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

„Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Рускоска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелацискиот суд Скопје за определување на мерката – куќен притвор, за обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелацискиот суд, Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки претставува: грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка, влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи, злоупотреба на правата во судска постапка, недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки и нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото“, се наведува во соопштението од Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство: Реакцијата на Рускоска со „гаќите“ е израз на моментално разочарување

Апелација ја објави СМС пораката која Рускоска за Јанева ја пратила на судија

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) И Филип Петровски се кандидира за претседател на државата

Редакција

Од Ковид-19 починале 24 лица, најмладите на 39-годишна возраст

Редакција

Судењето за „27 април“ продолжува на 15 јануари, денеска се разгледуваа доказите на одбраната на Игор Југ

Редакција