еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Кинеските вакцини се безбедни

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопштија дека вакцините на кинеските лаборатории „Синофарм“ и „Синовак“ се покажаа безбедни и ефикасни против Ковид-19, но, сепак, потребни се и дополнителни анализи.

Проценката ја направи Советодавната стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО, кое се состана од 22 до 25 март за да даде свои препораки во врска со вакцинацијата.

Во документот, во кој се сумираат главните точки што биле отворени на состанокот, експертите наведуваат дека двете кинески вакцини, што поднеле барање за одобрување од СЗО, покажале дека се „безбедни и ефикасни против Ковид-19 кога пациентот има симптоми“.

„Меѓутоа, нема податоци кога станува збор за старите лица и лицата кои страдаат од други болести“, оценуваат експертите. Откако ќе се додадат овие податоци, ќе биде потребна студија и за ефикасноста и безбедноста на двете вакцини за тој сегмент од популацијата.

Одлуката на СЗО за барањето за одобрување на вакцините на „Синофарм“ и „Синовак“ се очекува најрано на почетокот на април.

Претседателот на експертската група, Алехандро Кравиото, изјави дека експертите ќе ја почекаат одлуката на СЗО за одобрување на вакцините пред да ги објават нивните препораки за употреба на две кинески вакцини.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп

Редакција

До средината на март ќе бидат затворени поголемите хотели на охридско-струшкото крајбрежје

Редакција

Таравари мандатот го започна со разрешување на економските директори

Редакција