еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Техничка неисправност на македонскиот автобус кој изгоре во Бугарија или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската националната истражна служба, Борислав Сарафов.

Тој информира дека во опожарениот автобус имало 52 патници, од кои 12 се деца. Првичните информации говорат дека нема бугарски државјани.

Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобуската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата.

– Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се, рече Рашков.

Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.

Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица хоспитализирани во Софија по несреќата во која изгоре македонски автобус

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

(Фото) Голема трагедија: Најмалку 45 лица загинаа откако македонски автобус се запали во Бугарија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Балканската рута уште функционира: За пет дена откриени 121 мигрант на граничната линија кај Лојане

Редакција

(Фото) Џафери му ја врати инцијативата за собирање потписи за пописот на Мицкоски оти не користел Северна Македонија

Редакција

Шведска и Финска и официјално аплицираа за членство во НАТО, според Столтенберг ова е историски чекор

Редакција