еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Терористот во Нов Зеланд инспириран од српските напади врз босанските муслимани, бројот на загинати се искачи на 49

Напаѓачот на џамиите во градот Крајстчрч на Нов Зеланд уби најмалку 49 лица, додека над 50 се повредени. Во врска со случајот се уапсени четири лица, а меѓу нив и напаѓачот. Во возилата на приведените, меѓу кои иу една жена, пронајдени се експлозивни направи.

На местото на настанот веднаш беше испратена и војска, која ги деактивирала експлозивните направи.

Брентон Тарент, 28 години од Австралија – така се претставил напаѓачот на Фејсбук, кој целиот настан во живо го стримал на таа мрежа, но и на Твитер и Јутјуб. Станува збор за белец, облечен во маскирно одело со кацига со камера на неа, преку која го пренесувал масакрот.

Американскиот сајт „Дејли бист“ претходно објавил манифест на форумот „8чен“ близок до екстремната десница, објавил многу „мемови“ (слика со дополнителен текст ) а кои се однесуваат на српските напади врз босанските муслимани.

И на објавеното видео од нападот се слуша музика, а меѓу останатите, и четничката песна „Караѓиќу води Србе своје“, во која се спомнуваат и „хрватските усташи“.

На интернет се појави и снимка, за која не постои потврда за автентичност, ниту кога е направена, на која се гледа Австралиецот како носи оружје на кое на кирилица се испишани и две српски имиња.

На шаржерите кои ги користел убиецот на кирлица се напишани имињата Стефан Лазар, Марко Миланов Поповиќ и други, објави „Дејли меил“. Станува збор за имиња на српски кнез од 14 век и црногорски војвода од 19 век.

На исклучително вознемирувачка снимка се гледа како мажот се паркира близу џамијата Ал Нор, првата која ја нападна и при излегувањето од возилото вели: Да почнеме со забавата. Потоа влегува во џамијата, ја отвора вратата, а пет минути подоцна се враќа во автомобилот за да го замени оружјето и повторно се враќа во џамијата за да ги убие сите кои покаживале знаци на живот.

Набрзо потоа, повторно излегува од џамијата и на плочникот пред неа убива млада девојка.

По нападот на првата џамија, во која имало околу 200 луѓе, нападната е уште една, во Линвуд, оддалечена 10 минути од првата. Според неофицијални информации, во првата џамија биле убиени најголем дел од жртвите, над 30.

Австралиските медиуми наведуваат дека најголем дел од жртвите се мигранти и бегалци.

Во џамијата, на молитва била и целата крикет репрезентација на Бангладеш, која требала утре да игра против Нов Зеланд, но американските медиуми посочуваат дека никој од нив не е застрелан. Натпреварот е откажан.

Неименуван сведок за Си-Ен-Ен рече дека успеал да го скрши прозорецот од џамијата и така побегнал. Тој бил во тоалетот кога се случил нападот.

Новозеландската полиција апелира на граѓаните да не го споделуваат видеото кое убиецот го сними за време на смртоносниот поход.

– Работиме на тоа да ја отстраниме снимката од сите социјални мрежи, велат од полицијата.

По нападот, властите на Нов Зеланд го зголемија нивото на закана по безбедноста од ниско на високо и ги повикаа граѓаните на смиреност.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн потврди дека четири лица со екстремистички ставови се приведени, но и дека други луѓе се поврзуваат со нападот. Уште дополни дека тие претходно не биле на ниту една листа на полицијата и разузнавачките служби за следење.

Таа нападот го опиша како еден од најцрните денови во историјата на таа земја и го оквалификува како „терористички“.

МИА/Фото: BBC

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Терористот во Нов Зеланд објави видео во живо од нападот во џамиите

(ВИДЕО) Најмалку 40 загинати во напад во две џамии во Нов Зеланд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ: Директорот на топлана „Скопје Север“, Рамадани да си поднесе оставка поради груби навреди кон новинарката Додевска

Редакција

Бензините поскапуваат за денар ипол, а дизелот за два денари

Редакција

(ВИДЕО) Тинејџерите „одлепија“ по нив: Кои се македонските јутјубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ

Редакција