Уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано попладнeво на корона вирус и резултатот е негативен, информираат од Министерството за здравство.
Од денеска контролата на системот за заштита и превенција во Македонија се подигна на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.
– Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирусот