Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е позитивна на Ковид-19 иако е вакцинирана со две дози, соопшти таа на својот Фејсбук профил.
“Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и тестот беше позитивен на Ковид-19.
Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија.
Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот уште е меѓу нас и може да влијае на секого!
Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро!
Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе си, семејството и другите околу вас!“, напиша таа.
Фото: Фејсбук/Арифи
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.