еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Тим на СЗО во четврток ќе пристигне во Кина за да го истражи потеклото на Ковид-19

Експертска екипа на Светската здравствена организација (СЗО) во четврток ќе пристигне во Кина да го истражи потеклото на пандемијата на коронавирусот, соопшти Националната здравствена комисија во Пекинг.

Првично експертскиот тим на СЗО требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари, но властите во Пекинг не се согласија веднаш да го одобрат нивното пристигнување.

Британските медиуми јавуваат дека Националната здравствена комисија, која го објави датумот на пристигнување на истражниот тим на СЗО, не даде повеќе детали за планот на активностите на истражителите на СЗО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревизорите откриваат:„М-НАВ“ плаќа илјадници евра пенали за некористење заем од ЕБОР од 2013 година

Редакција

Кина „внимателно ја следи“ ситуацијата во Украина и повика на воздржаност

Редакција

Продолжува „метлата“ на премиерот Зоран Заев: Кои се разрешените и новоименуваните функционери?

Редакција