еМагазин
Image default
Македонија

Францускиот амбасадор Тимоние: Франција сè уште не донела одлука за датум за преговори

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека неговата земја сè уште не донела одлука во врска со прашањето за добивање датум за преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ и притоа посочува дека Франција е на наша страна на тој пат.

– Не знаме колку ќе трае патот и тој воопшто не е едноставен, но сме определени да помогнеме, само треба да утврдиме кој е билансот од реформските агенди. Но францускиот став сè уште не е донесен за таа тема, вели  Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали Македонија и Албанија се заложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние вели дека треба да се види контекстот, во кој што говорел Макрон. Тоа, вели францускиот амбасадор, беше тежок момент, кој за среќа е надминат со назначувањето на новите лица на Европската унија.

– Тоа беше повод за да видиме дека нашиот систем на функционирање е доста сложен и комплициран и дека од оваа Европа очекуваме толку многу работи меѓу кои и одлучувачки систем. Идејата беше, која често тој ја кажува, дека европското проширување ќе може да се случи откако одлучувачкиот систем ќе биде таков, што ќе биде обновен затоа што во моментов не е задоволителен.

Мислам дека треба многу подобро да се разбере таа забелешка така, како забелешка за одлучувачкиот процес во моментов, отколку како отпор, којшто тој го нема, затоа што отсекогаш кажувал дека местото на земјите од Балканот е внатре, во обновена Европска унија, вели францускиот амбасадор во интервјуто.

Според него, Макрон има идеја да ја направи Европа вистински функционална, и способна да одговори на новите светски предизвици кои  се побројни и посложени.

-Верувам дека добронамерно го кажал тоа, дека тоа било добронамерно за европската изградба. Од другата страна, сите знаат дека кога ќе почнеме со проширувањето дека има долг пат за самите засегнати земји. И двете нешта не се исклучуваат едната од другата, додава Тимоние.

Тој ја отфрла забелешката дека Франција е кочничар на македонските евроинтеграции и најавува дека во октомври ова прашање ќе биде отворено.

– Ќе ги отвориме разговорите со нашите партнери и другите земји членки во октомври во однос на заклучоците од  јуни. И тие заклучоци не водат до отворањето на тие разговори за оценка на извештајот на Комисијата во тоа време. Не можам да ви кажам какви ќе бидат тие заклучоци затоа што за тоа ќе се разговара меѓу сите држави членки.

Тука го имаме прашањето за Албанија, но и за Северна Македонија, и најверојатно ќе се водат разговори кои што ќе овозможат да се земат предвид и напредувањата, во различните земји. Напредоци кои што кај некои земји се загрижувачки, а кај некои се позитивни, па потоа државите членки ќе разговараат дали е дојден моментот за отворање на преговорите.

Францускиот амбасадор истакнува дека Франција е на страна на Северна Македонија на евроатлантскиот пат, но не може да каже колку тој ќе трае, истакнувајќи дека тој воопшто не е едноставен, но се определени да помогнат и да го олеснат.

За тоа дали Франција ќе гласа за земјава да ги започне преговорите, Тимоние вели дека тоа зависи од проценката што ќе се направи од властите во Париз во зависност од агендите кои се испорачани.

– Идејата не е дека ќе се блокира процесот, туку прашањето што се поставува кај моите власти е следното: Дали едноставниот датум за почеток на преговори реално соодветствува со потребите на народите и на нациите од регионот.

Дали можеби нема други гласови кои се корисни или неопходни на пример за подобрување на севкупните состојби во општеството, потоа поврзаност меѓу народите за таа агенда од мај 2018-та, затоа што очигледно е дека земјите ќе бидат вреднувани според сопствените заслуги, но сепак станува збор за мали земји по големина и коишто имаат потреба да соработуваат меѓу себе за да може да претставуваат додадена вредност во европската изградба, посочува тој.

Некои од нив, додава, се уште имаат потешкотии што треба да ги решат меѓу себе.

-Потешкотии кои се од внатрешна природа, забележуваме со каква потешкотија соработуваат опозицијата и мнозинството во одредени земји. Очекуваме, и тоа е мошне јасно дека ние очекуваме докази за тој капацитет да се работи заедно во изнаоѓање компромис, но и околу генералниот и националниот интерес.

Затоа за нашето јавно мислење потребно ни е да им покажеме дека овие земји испорачуваат позитивни сигнали во поглед на внатрешната стабилност, но и поседуваат капацитет да ги почитуваат нормите од владеење на правото, а не само да имаме фасади за владеењето на право, туку почеток на одредени реалности, и ние не сме слепи во тој поглед, затоа што знаеме дека тоа не може да се постигне преку ноќ.

Станува збор за процес кој  не треба да постои само на хартија. Туку вистина дека постојат видливи докази за поседување за демократско функционирање и владеење на правото, вели францускиот амбасадор во интервју за Радио Слободна Европа.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заев со честитка до Пендаровски: Се гледаме наскоро на прво претседателско-премиерско кафе

Редакција

Пријавата за напад во центарот на Скопје е лажна, велат од МВР

Редакција

Државјанин на Македонија во Швајцарија обвинет за регрутирање борци на ИД

Редакција