Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во јануари 2019 година изнесувала 24.517 денари, што е пораст од 2 отсто во однос на истиот месец, минатата година, но и намалување за 4,9 отсто во однос на декември, 2018 година.
Најголем годишен пораст на просечната месечна плата има во секторот Управувачки дејности и советување во врска со управувањето каде во јануари 2019 година била исплатена просечна плата од 30.493 денари, што е пораст за 15.5 отсто во однос на истиот месец, минатата година.
Втори на листата се вработените во секторот Канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловнопомошни дејности со исплатена просечна плата од 29.744 денари, што е пораст за 14.6 отсто во однос на истиот период минатата година.
Трет е секторот Вадење на други руди и камен со плата од 35.110 денари и пораст од 13 отсто, потоа Дејностите за здравствена заштита со плата од 31.704 денари и пораст од 11.4 отсто, а на петтото место е секторот Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со исплатена просечна плата во јануари од 20.804 денари и пораст од 11 отсто во однос на истиот месец минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ пет најплатени професии: Воздухопловците и програмерите убедливо на врвот