еМагазин
Image default
Бизнис

Трифун Костовски со повик до Џафери, Заев и Пендаровски повторно ја обвинува гувернерката за пропаѓањето на „Еуростандард банка“

Бизнисменот и најголем акционер во банката во стечај „Еуростандарад банка“, Трифун Костовски ушати јавен повик до премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и собранискиот спикер Талат Џафери во врска со случувањата во банката.

„Овој повик до вас, како највисоки државни претставници на Република Северна Mакедонија, е поврзан со стечајот на Еуростандард банка, а е поттикнат и се заснова на вчерашното интервју (во неделникот Фокус, од 03 Септември 2020), на гувернерката на Народна банка, Ангеловска-Бежоска, во кое таа недвосмислено укажува на фактот дека нејзината намера за ликвидација на Еуростандард банка била донесена, повеќе од една година наназад, користејќи го дискреционото право во сопствено име како гувернер, криејќи се зад институцијата Народна банка.

Фактот што вели дека нe поттикнала да вложиме нови 11 милиони евра во банката, прво како субординиран кредит, а на почетокот на годинава како докапитализација на банката, ние акционерите сметавме дека е во интерес за стабилизација на банката, а додека госпоѓата Гувернер тој притисок кој го изврши врз нас акционерите, не бил за стабилизација на банката, туку свесна дека ќе ја однесе банката во стечај имала за цел, да ги заштити интересите на клиентите на Еуростандард банка, тоа говори дека нејзините намери биле нечесни.

Гувернерката на Народна банка, не покажа волја во ниту еден миг да го удостои потенцијалниот купувач ниту со една средба за негово интервенирање во стабилизирањето на банката. Недвосмислено се потврди фактот дека вонредната ситуација со пандемијата Ковид-19,која го зафати целиот свет за Еуростандард банка и нас акционерите не важеше.

Ве повикувам, како најсилни институции во земјава, да помогнете во справувањето со оваа неправда, со која најоштетени се армија граѓани во Република Северна Македонија,“ се вели во повикот на Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифун Костовски ги повика Џафери, Обвинителство, Антикорупциска и МВР да се вклучат во истрагата за случајот со „Еуростандард банка“ по допрен глас

Народна банка: Со одземање на дозволата за работа на Еуростандард банка, престануваат нашите надлежности

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска лансираше нов онлајн бизнис во Македонија

Редакција

„Македонски Телеком“ оствари добивка од 1,1 милијарда денари за девет месеци

Редакција