Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на коронавирус се тестирани тројца патници чии резултати се негативни.
Станува збор за македонски државјани, од кои двајца допатувале од Италија и еден од Шпанија.
Министерството наведува дека тие биле тестирани по денешната изјава на министерот Венко Филипче во Куманово, каде што рече дека нема нови пациенти кои во тој момент се тестираат за коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.