Тројцата пратеници од Беса кои припаѓаат на делот што за претседател го признава Африм Гаши, а не Биљал Касами, ќе гласаат за уставните измени.
Како што соопшти Гаши, тие се цврсто решени за евроинтеграциите и ќе ги поддржат измените на Уставот заради исполнување на обврските од Преспанскиот договор. Тоа е од висок интерес за Албанците, нагласи тој.
„Беса со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата.
Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето Беса му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат“, порача Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеници и членови на Беса на Фејсбук: Барањата се на Биљал Касами, а не на Беса
Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами