еМагазин
Image default
Македонија

Турција депортира македонски државјанин заробен во Сирија

Еден државјанин на Северна Македонија и еден на Германија кои биле дел од терористичка група се депортирани од Турција во нивните земји, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Тие биле заробени во Сирија како припадници на ИСИС.

Владата во Анкара најави дека ќе продолжи да ги враќа заробените терористи во матичните змеји и покрај противењето на некои европски држави, пренесува агенцијата Анадолија.

Според податоците на турското МВР, лани од Турција во нивните земји на потекло биле депортирани 780 странски терористи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен дебранец поради предизвикување пожар во атарот на селото Бомово

Редакција

Захариева: Не е точно дека Бугарија го оспорува македонскиот идентитет

Редакција

Ќе има ли избори: Во четврток лидерска средба за справување со корона вирусот

Редакција