еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

По најавата за затворање на угостителски објекти, Туристичко-угостителската комора бара итна финансиска помош

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор.

– Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план.

Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи.

Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора.

Од Комората посочуваат дека овој сектор е еден од најзасегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и оти граѓаните кои работат во овој сектор тонат во долгови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 7 до 20 април затворање на сите угостителски објекти

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во оглас за работа плата за собирач на ѓубре 15.000 денари, а за доктор по медицина 12.550 денари

Редакција

Просечната плата не е доволна за минималната кошница, во мај таа изнесувала 33.315 денари

Редакција

Намален прометот кај сервисни дејности со храна и помошни услужни дејности, зголемен кај информации и комуникации

Редакција