Во Македонија според последните податоци, објавени вчера бројот на заразени со коронавирусот изнесува 828.
“Според исходот од заболувањето, кај 753 лица се активни случаи, 41 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 34 смртни случаи (Лт = 4,1%).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=22) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 5,7/100.000 жители.
Од починатите, кај 26 се регистрирани коморбидитети, а 19 лица имаат контакт со веќе потврден случај на COVID-19„, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно со 11.април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот
(Мапа) Куманово „печен“ за карантин, кумулативната инциденца над 140
(Табела) Најмногу заразени со Ковид-19 во Скопје, Куманово, Дебар, Штип и Прилеп
Илустрација: МЗ