еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Оздравени 21 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент и тоа во Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Со ова, вкупната бројка на оздравени во Македонија изнесува 1.013.

„Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а вкупно се хоспитализирани 41.

На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 14. На респираторна машина се тројца пациенти, а уште четири се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на Ковид-19“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум нови случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 427

Следната недела почнува скрининг тестирање за корона вирусот кај сите критични категории

(Графикон) 44,9 години е просечната возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 95-годишна возраст почина филмската легенда Џина Лолобриџида

Редакција

Џафери ги спаси пратениците од тестови за наркотици, ама ништо не ги спречува да се тестираат сами

Редакција

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Редакција