Владата информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.
„Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите“, наведуваат во соопштението од владината прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати
Позитивни на корона вирусот инфектолог во Прилеп и вработен во фабриката „Гентерм“
Откако имале контакт со заразена пациентка: Во самоизолација 14 медицински лица во Штип
Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот