еМагазин
Бизнис

„Улици и патишта“ Скопје во првите шест месеци со добивка од 6.6 милиони денари

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје во првите шест месеци од 2019 година оствари позитивен финансиски резултат од 6.648.594 милиони денари.

Во овој период претпријатието асфалтирало вкупна површина од 32.414 метри квадратни, додека машинско чистење на косините на реката Вардар е извршено на површина од 14.206 метри квадрати.

Во првите шест месеци од 2019 година поставени се 263 нови сообраќајни знаци, 593 катадиоптри, а извршено е бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на површина од 10.459 метри квадратни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопска „Комунална хигиена“ со добивка од 15.7 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 306 работодавачи зеле пари од државата, а не им исплатиле плати на вработените

Редакција

„Окта“ и „Супертрејд“ го добија мултимилионскиот тендер на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта за набавка на дизел

Редакција

Дизелот поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција