Употребата на имињата на Цар Борис Трети и на новото здружение на бугарската заедница во земјава во најава со името на Цар Фердинад има за цел да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија, и да се покаже дека тие имаат заедничка историја од средновековието до 1944 година, во што очигледно има политичка димензија. Како земја победник во антифашистичката војна треба да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа мрачно минато и да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, вели историчарот Митко Панов од Институтот за национална историја.
-Тоа е некоја тенденција која што на некој начин се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис Трети се симбол на окупацијата на Македонија, едниот во Втората светска војна, Борис и Фердинанд во Првата светска војна, и симболиката е таа со која што Фердинанд всушност ги обединува т.н. две царства во Бугарија, кога се прогласува за цар 1908 година и на тој начин се создава таа традиција која што еве бугарското раководство, сега не можам да кажам бугарското раководство, меѓутоа очигледно дека тука има некаква политичка димензија.
Во секој случај симболиката е таа, дека Првата и Втората светска војна, овие личности ја симболизираат и окупацијата на Македонија во тој период. И затоа не случајно беше избран и Охрид како седиште на Здружението на Борис Трети. И не случајно беше избран 7 октомври којшто треба да ги спои јубилејот на 6 октомври, смртта на Самоил и таа традиција која што треба да се презентира во континуитет, а што кореспондира со актуелната политика на тенденцијата да се презентира една заедничка историја која што датира од средновековието, па се до1944 година.
Таа заедничка историја всушност е Бугарија, вели Панов на новинарско прашање во врска со употребата на контроверзните имиња на цар Борис Трети и Цар Фердинанд, име на ново здружение кое се обидува да се регистрира за што потврдуваат од Централниот регистар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб
Според Панов, токму тие личности треба да ја симболизираат таа политика на Бугарија и оттаму смета дека особено личностите коишто симболизираат таков вид војни, страдања, што на некој начин имаат негативна асоцијација, особено Борис Трети со асоцијацијата со фашизмот, вели, треба категорично да бидат сакционирани од страна на државата, независно дали е потребно да има некаков закон и слично.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб
Тој е на ставот дека државните институции задоцнето реагирале кога станува збор за отворање и регистрација на вакви културни центри со провокативни имиња.
-Да, јас мислам дека сите личности коишто асоцираат такво страшно минато треба да бидат веднаш санкционирани од државата. Па земете пример доколку некој регистрира здруженија со името на Адолф Хитлер, дали ќе се чека некаков закон и слично.
Работата е во суштина дека треба ние како земја која што е победник во антифашистичката војна да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа страшно и мрачно минато и на тој начин да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, потенцира историчарот Панов.
Запрашан дали смета дека ваквите случувања ќе се одразат во односите меѓу Бугарија и Македонија и во понатамошните преговори, тој опстојува на неговиот како што вели научен став.
-Тука јас не би навлегувал, бидејќи е политичка релација. Јас зборувам како научник којшто ги следи овие тенденции историски и на некој начин реагирам од аспект на тоа, бидејќи ја знам генезата на бугарската политика од 19 век и како таа сега се проектира во современието со цел да се реализираат тие агенди коишто немаат никаква врска со добрососедските односи, а уште помалку со науката, дециден е историчарот Панов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во фаза на регистрација трет бугарски клуб со контроверзно историско име, “Цар Фердинанд”
Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола
Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид
МИА