еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со ДДВ од 5%

Основните прехранбени производи како урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти Министерството за финансии.

Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви.

Од Министерството за финансии информираа дека на денешната владина седница е донесена измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, која беше усвоена на 28 септември.

Измените ќе почнат да се применуваат од 13 октомври (петок).

– Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред девет месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози.

Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок, се наведува во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека земјава има најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ. Најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од пет проценти, односно примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1.650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„РИП финансии и МНР„: Твитер реакции за договорот на СДСМ и ДУИ да прават влада

Редакција

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Редакција

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Редакција