Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека освен починатиот 63-годишен маж од струшкото село Лабуништа, починало уште едно лице од Куманово во ГОБ „8 Септември“, потврден за позитивен на корона вирусот на 1 април.
Тој претходно на својот Фејсбук-профил објави дека e во изминатите 24 часа е починато едно лице – заболениот од Лабуништа, кој бил донесен на Клиниката за инфективни болести со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот.
Филипче информира и дека на Клиниката во овој момент се хоспитализирани 74 пациенти, од кои 15 се со тешка манифестација на болеста, а другите се со средно тешка состојба и се во добра општа кондиција.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени
Девет нови заразени од корона вирусот во Прилеп и први два случаи во Крушево
На Инфективна примено двегодишно дете заразено од корона вирусот, капацитетите речиси пополнети