Грчките власти преку медиумите демантираат дека има договор, граѓаните на Србија од 1 мај да можат да патуваат во Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од први мај, Србите ќе може да патуваат во Грција
За Србите границата со Грција се отвара од 1 мај, за Македонците не се знае кога
Како што објавија грчките медиуми повикувајќи се на извори од тамошното Министерство за туризам, разговорот помеѓу министрите за туризам на Грција и Србија бил прелиминирен, пред се околу сертификатот за вакцинација и не постоел конечен договор.
Експресно регираа и од Министерството за туризам на Србија од каде велат дека се уште не е потпишан Меморандумот кој ги дефинира условите за влез на српските граѓани во Грција и обратно за престојната летна сезона и дека истиот во периодот ќе се усогласува и ќе биде потпишан кога ќе се исполнат сите услови за кои се договориле двајцата министри.
Претходно текстот за Меморандумот треба да го усвојат двете влади.