Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска од денеска е во задолжителна самоизолација, бидејќи минатата недела имала состанок со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.
Царовска на својот Фејсбук профил утрово напиша дека веќе направила тест кој е негативен и оти засега нема никакви симптоми, но оти согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе остане во самоизолација до 9 јуни.
„Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19.
Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро.
Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома. На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот“, напиша Царовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И националниот кординатор Забрчанец во самоизолација, со Зекири имал состанок
Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири
Новинарката Мрѓа која ја водеше емисијата со Зекири во домашна изолација, детали од телевизијата 24
Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот
Фото: Влада