еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО+ФОТО) „Кажи не!“: Кампања на МВР за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет

Сексуалната злоупотреба на деца на Интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на Интернет во секое време и да бидат достапни за секого, информираат од МВР.

Затоа, велат оттаму, во соработка со полициите во регионот и Европол, МВР спроведува кампања чија цел е да им се укаже на децата и младите на опасностите и последиците што можат да произлезат од комуникацијата со странци на Интернет.

„МВР во соработка со Европол и полицијата на Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, започна меѓународна кампања „Кажи не!“ .Според Европол, за  време на епидемијата, побарувачката за снимки од сексуална злоупотреба на деца се зголемила за 25 проценти во некои земји- членки на ЕУ.

За време на епидемијата, повеќето луѓе ја зголемија комуникацијата преку интернет, и како резултат на тоа, и криминалците се прилагодија на новиот начин на живот. Сексуалната злоупотреба може да се случи уште побрзо преку интернет, бидејќи сторителите брзо и анонимно пристапуваат до децата и младите преку каналите за разговор, веб -страниците и социјалните мрежи.

Сексуалната злоупотреба на деца е сериозно кривично дело што има далекусежни последици за жртвата, така што борбата против сексуалната злоупотреба на деца е приоритет и за нашата држава и за Европската унија .Затоа, во соработка со Европол и полициите на повеќе балкански земји сакаме да ја подигнеме свеста и да спречиме вакви криминални дела,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прегледани над 50 камери, пребарани подруми, Вардар, манастири во потрагата по Вања Ѓорчевска

Редакција

Летни книжевни препораки од „ТРИ“: „Половината што ми недостига“, „Пчеларот од Алепо“, „Продавница за животни промени“

Редакција

Старецот Вартоломеј, игумен на манастир на Света Гора во посета на Св.Јован Бигорски

Редакција