Информацијата за смртта Македонката Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид стана топ тема во Македонија.
Таа пред неколку дена беше во посета на земјава, па овдешната поширока јавност првпат слушна за инфлуенсерката и мејкап артиската, која околу 22 години живееше во Танзанија и Јужна Африка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали е самоубиство: Македонската инфлуенсерка Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата
(Фото) Во Африка почина инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа од Охрид
Која е Јанеска
Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.
Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици.
За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.
Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.
Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници.
Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.
Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.
Зошто беше во Македонија
Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.
На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.
Фото: АУЕ-Фон/Инстаграм/Јанеска