Украинскиот претседател Володимир Зеленски, преговорите помеѓу Украина и Русија во Турција ги оцени како позитивни и додаде дека ќе верува само во конкретни резултати.
„Овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати. Се разбира, ги гледаме сите ризици. Се разбира, не гледаме причина да им веруваме на зборовите на одредени претставници на државата која продолжува да се бори за наше уништување.
Украинците не се наивен народ. Украинците веќе дознаа за време на овие 34 дена инвазија и во текот на изминатите осум години од војната во Донбас дека може да се верува само на конкретен резултат,“ рече Зеленски по најавата дека Русија ќе ги намали воените операции во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата
Оптимизам за завршување на руската инвазија по новата рунда преговори помеѓу Украина-Русија
Русија „радикално“ ќе ја намали воената активност во Киев и Чернигов
МИА/Фото/видео: Фејсбук/Зеленски