Гинисовата книга на рекорди соопшти дека поп кралицата Мадона (65) се уште е најпродаваната пејачка на сите времиња.
Таа има продадено повеќе од 400 милиони албуми во текот на нејзината 40-годишна кариера.
Пејачката го држи рекордот од 2009 година, а по неа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе.
Месецов Мадона ја почна светската турнеја „Celebration“, со која ја слави својата 40-годишна кариера.
Во рамки на турнејата ќе одржи 78 концерти во Европа, Јужна и Северна Америка до април 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мадона вели дека е среќна што е жива и им се заблагодари на децата и пријателите
Фото/видео: Мадона/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.