еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Ми заплакало селото Ваташа“ на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Ми заплакало селото Ваташа“ е македонска песна оригинално напишана и изведена во 60-те години. Текстописец е Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога на 16 јуни 1943 година биле застрелани 12 младинци од фаштистичката војска.

Песната ја отпеале повеќе домашни интерпретатори, а оригиналот е изведен од Никола Бадев во 1975 година. Песната повторно стана актуелна по изведбата на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на последната Златна Бубамара на популарноста, а сега овој двоец во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ и ја сними.

„Самата идеја за песната и спојот со Игор Џамбазов беше на Ранко Бубамара и сè започна од настапот на Златна Бубамара на популарноста. Потоа дојде предлогот да бидам дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Со задоволство прифатив, бидејќи во моментов вакви проекти ѝ се повеќе од потребни на Македонија, во време кога царуваат туѓи песни на туѓи јазици. Им порачувам на младите да ја сакаат, почитуваат и слушаат македонската музика, особено изворната народна песна, бидејќи таа е нашиот идентитет“, вели Андријана.

Видеото за „Ми заплакало селото Ваташа“, за која овој пат аранжманот го направи Николче Мицевски, а во изведба на Андријана и Игор, е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни.

Нумерите се изведени од 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а публиката уште треба да ги слушне и види ДНК и Зуица Лазова.

Уживајте во изведбата на Игор и Андријана и очекувајте го стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови – Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Народе македонски“ во изведба на Сузана Спасовска, уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Заветна“ уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, во изведба на Бојана Скендеровски

(Видео) „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предложив да пишува „РС Македонија“, вели Силјановска Давкова за венецот без името на државата кој го положи на гробот на Св. Кирил

Редакција

Мето Јовановски последниот поклон пред публиката го имаше пред само дваесет дена во својот матичен Драмски театар Скопје

Редакција

(Фото) Победничко селфи на Мицкоски и Орбан од Будимпешта

Редакција