Дали знаете кој е министер за животна средина и просторно планирање? Може да се подзамислите и да не Ви текне. Садула Дураки. На граѓaните, кои поприлично се упатени во политика, ова име, најверојатно ништо не им значи.
Зошто е важен Дураки? Затоа што го води еден од најгорливите сектори кои треба да се бават со еден од најголемите проблеми на граѓаните, а него никаде го нема. Тој е министерот, кој според истражувањето на проектот „Види вака“ не одржал ниту една прес-конференција посветена на загадувањето.
Својата неагилност како министер ја потврди и пред камерата на телевизија Сител кога беше снимен на Третата министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан, организирана од Советот за регионална соработка (РСС) и Министерството за животна средина и просторно планирање.
На прашање на телевизија „Сител“, за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата поради загадувањето, тој накратко одговори дека: „не се бави со граѓаните“.
„Сега, јас не се бавам со граѓаните. Граѓаните може да тужат, и тоа“, рече Дураки на прашањето за став околу тужбата.
На прашањето дека мерачите не работат, а имаме големо загадување министерот вели дека „Македонија не е Швајцарија.“
„Почнавме, еден чекор е напред, и тоа“, дополни Дураки.
На прашањето што конкретно се презема, само накратко рече дека постои работна група која ќе ги каже чекорите и дека за прв пат во Македонија има програма за аерозагадување.
Фото: Фејсбук/Садула Дураки/Видео: Види вака/ТВ Сител
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Го знате овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец
Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни