Црвените линии се централната тема во спотот, но и на новото лого на Независни Грци. Партијата коалициски партнер во грчката Влада, денес објави кус спот за партијата, а пораките што се упатуваат од дел од грчките медиуми се толкуваат како збогување и најава за повлекување од владата, јави дописничката на МИА од Атина.
-Црвените линии се нашата гордост. Црвените линии ја пишуваат нашата историја. Црвените линии ги почитуваат нашите предци. Црвените линии се независноста и нашата сила. Независни Грци, сега, порешителни од било кога, е пораката во спотот објавен од партијата на Панос Каменос.
Како што претходно објави МИА, состанокот на пратеничката група на Независни Грци е одложен за утре или за задутре.
Додека пак сите погледи за иднината на грчката коалициска Влада се насочени кон средбата закажана за петок на Алексис Ципрас и Панос Каменос.
Το νέο λογότυπο των ΑΝΕΞΑΡΤΗΤΩΝ ΕΛΛΗΝΩΝ
ΑΝΕΞΑΡΤΗΤΟΙ ΕΛΛΗΝΕΣΠιο αποφασισμένοι από ποτέ.#New_ANEL_Logo
Posted by Ανεξάρτητοι 'Ελληνες on Среда, 09 јануари 2019
МИА/Видео/фото: Независни Грци
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите можни сценарија: Ќе се ратификува ли Договорот од Преспа во Грција