Во несреќата на македонскиот автобус во Бугарија настрадаа и 12 лица, кои се од исто семејство, Јахиу од селото Моране, Општина Студеничани, објави телевизијата ТВ 21.
Осум од нив биле деца.
За ТВ21 зборуваше роднина на семејството Јахиу.
„Значи 10 се членови на потесното семејство, беше и сестрата на една од жртвите, од село Студеничани, таму е мажена. Колку што е потврдено таа беше со нејзината ќерка.
Значи 10 се од потесното семејство и две други жртви, од поширокото семејство, роднини.
Две жени со 8 деца, на различна возраст, имаше 7 годишно девојче, таа беше најмалото дете, потоа машкото имаше 10-12 години“, посочи роднина на семејството за ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани
Видео: ТВ 21