Граѓани на социјалните мрежи објавија видео на кое може да се види група свештени лица како од камионче од кое ечи црковна музика ги прскаат улиците со света вода.
May the Force be with Us!
Posted by Jанко Цилаков on Среда, 25 март 2020
Според лицата кои го објавија видеото станува збор за Велес.
Во текот на денот се јавија од Епархијата Повардарска, кои информираа дека тие стојат позади оваа “акција„.
Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денескa во Велес и сите градови и населени места свештеници од Повардарската епархија со света вода ги попрскаа улиците. При тоа беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза, пренесе МИА.
– Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви, појаснуваат од Епархијата Повардарска со седиште во Велес.
Митрополитот Повардарски Агатангел порача Бог да ја благослови нашата татковина и да ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 177 заболени: Регистрирани нови 29 случаи, од кои 20 од Скопје
За старите лица кои не можат да излегуваат од дома, тука е Трајче од пазарче
(Видео) Диџеј од Струга со настапи на тераса „против“ корона вирусот
(Видео) Путин облече скафандер и ги посети заразените од корона вирусот во Москва
Фото/Видео/Фејсбук/Јанко Цилаков