еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Видео) Семејство со две малолетни деца остана без куќа, во пожар им изгоре се

Четиричленото семејство со две малолетни деца изгубиле се што макотрпно стекнувале со години во скопско Драчево, јавува телевизија „Сител“.

„Преплашени се децата, малечки се на 8 и 3 години. Жената е во шок, ја носев два пати во амбуланта. Сите сме во траума, едвај собравме сила да ѕирнеме во нашиот скромен дом. До пред 12 часа тука живеевме, се радувавме со децата, сега незнам каде што, не ни остана ништо. Само ведро небо и студ“, изјави Душан Глигуроски за телевизија „Сител“ и апелираше до хуманите граѓани за помош.

Од Хуманитарната организација Свети Спас веќе го посетиле семејството и му понудиле сместување, храна, хигиенски средства и сѐ што е потребно.

„Семејството е сместено во куќа под кирија која ќе ја плаќаат наши донатори, ги снабдивме со храна и хигиенски средства, а во текот на денешниот ден ќе видиме што уште им е потребно за да можат да го вратат својот живот во нормала“, велат од оваа организација.

Трансакциска сметка за донација:

Стопанска банка : 200002694256084 Александра Глигуроска ID 1120142

Видео: Телевизија „Сител“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребна е помош: Исчезна скопјанец кој боледува од Паркинсова болест

Редакција

Сандра Дејановска Крастев има редок тип на рак, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција

(Фото) 12 годишно девојче кое боледува од тумор на малиот мозок живее во тешки услови во Трубарево

Редакција