Со реакција на изјавата на заедничкиот кандидат за претседател на државата на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека го следат тајни разузнавачки служби, блиски до опозицијата, на Фејсбук се огласи и кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.
“Се прашувам ако некој кој речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели се чуствува небезбеден, што да очекуваме ние останите противкандидати за претседател на Република Македонија“, вели таа.
Реакција за јавно искажаниот сомнеж од страна на кандидатот за Претседател Стево Пендаровски дека е следен и фотографиран од страна на странски тајни служби.
Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Четврток, 07 март 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Силјановска