еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Со оружје оштетено стаклото на бугарскиот клуб во Охрид, МНР со осуда

Синоќа во 19 часот и 12 минути во полицијата било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

На стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, информираа од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Локалниот портал Охрид 1 објави видео од атмосферата после инцидентот:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)

Министерството за надворешни работи го осуди повторното оштетување на стаклото на бугарскиот клуб.

– Министерството за надворешни работи на РС Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин што се случил вечерва, 23 ноември, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид.

Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот.

Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР.

Министерството ги повикува надлежните институции да ги истражат околностите под кои се случија овие „вандалски активности“ и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава.

– Сите граѓани на РС Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања, што преставува и законски и уставно загарантирани човечки, граѓански права и слободи – државата како веродостоен кандидат за членство во ЕУ тоа мора да го обезбеди.

Истовремено апелираме до сите граѓани за одговорно однесување и почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, се додава во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од нападот на бугарскиот клуб во Охрид

(Фото) Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид

Фото: МИА/Видео: Охрид 1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 45 години: Од Ковид-19 починале 5 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Општина Радовиш склучи договор со фабриката Карпош вреден 1,8 милион евра

Редакција

Убава вест: Во 12 градови веќе нема заболени од корона вирусот

Редакција