Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели видео со искуство со Ковид-19 на наша сограѓанка.
„Уште има луѓе кои што не веруваат и кои убедуваат дека тоа е само еден обичен грип, но јас би рекла дека не е обичен грип.
Бев многу изнемоштена, веднаш ми приклучија инфузија, ми земаа брис, а вечерта стигна позитивен резултат.
Така почна моето лежење во болница, а за персоналот во болницата можам да кажам само пофални зборови„ вели Трајанка, која што го прележала Ковид – 19 вирусот и која најавува дека ќе донира плазма за да спаси други пациенти заболени со вирусот.
Таа порачува да се почитуваат мерките за заштита: да се држи растојание, да се носи маска и да се одржува редовно хигиена.
COVID-19 testimonials – Trajanka
“Уште има луѓе кои што не веруваат и кои убедуваат дека тоа е само еден обичен грип, но јас би рекла дека не е обичен грип. Бев многу изнемоштена, веднаш ми приклучија инфузија, ми земаа брис, а вечерта стигна позитивен резултат. Така почна моето лежење во болница, а за персоналот во болницата можам да кажам само пофални зборови.“ – вели Трајанка, пациентка која што го прележала Ковид – 19 вирусот.Трајанка порачува да се почитуваат мерките за заштита – да се држи растојание, да се носи маска и да се одржува редовно хигиена.
Posted by Венко Филипче on Четврток, 23 јули 2020
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно импортирани 180 случаи на Ковид-19, последниот е пред неколку дена
Вкупно 640 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 426
60% од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се со претходни заболувања
Фото/видео: Филипче/Фејсбук