еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Њујорк тајмс објави снимка од ракетниот напад врз соборениот украински авион во Иран

Угледниот „Њујорк тајмс“ објави видео на кое наводно се гледа како ракета удира во украинскиот авион кој се урна при полетувањето од Техеран во Иран.

Вчера неделникот „Њузвик“ и другите светски агенции, повикувајќи се на американски официјални претставници јавија дека иранската противвоздушна одбрана вчераутро случајно го соборила украинскиот авион во близина на Техеран.

Шефот на иранската Организација за цивилна авијација, Али Абеџадех, пак ги демантираше, како што кажа, „нелогичните гласини“, дека украинскиот патнички авион што се урна во близина на Техеран бил погоден со ракета, јави полуофицијалната иранска агенција Исна.

„Од научна гледна точка невозможно е ракета да го погодила украинскиот авион, па затоа таквите гласини се нелогични“, изјави Абеџадех, пренесен од британските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран: Нелогични се гласините дека украинскиот авион бил погоден со ракета

Украинскиот авион по грешка бил урнат со иранска ракета, тврдат американските власти

(Видео) Украински авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Видео: Youtube/Edvard Malon/NYtimes

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ученици од Просениково донираа за Клаудија, Матеј и Дамјан, како и Вие да помогнете

Редакција

ЕУ задутре ќе одлучува за датум за преговори: Кои се можните сценарија за нашата земја?

Редакција

Нови 124 случаи на Ковид-19 од 1.209 тестови, 22 се реинфекции

Редакција