еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Здравствените работници порачуваат: И ние сакаме журки и забави, но да прославиме во кругот на семејството

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски, порачуваат здравствените работници

„Па така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека не смееме да се откажеме, посебно не сега, во последните мигови,“ велат тие.

Здравствените работници порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.

„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас.

Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри.

Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!“, апелираат здравствените работници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патнички сообраќај Транскоп со добивка во третиот квартал

Редакција

(Фото) Поддршка со факели за Таравари, откако во дворот му беше пронајден куршум

Редакција

Како изгледа првиот работен ден на Пендаровски

Редакција