Министерство за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на корона вирусот во земјата.
По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 329 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
•Скопје- 175
•Дебар – 47
•Куманово – 47
•Штип- 14
•Тетово – 10
•Прилеп – 10
•Струга – 7
•Велес – 6
•Битола – 4
•Охрид – 3
•Кавадарци – 2
•Гостивар – 1
•Крива Паланка – 1
•Струмица – 1
•Гевгелија – 1.
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев).
До сега се направени вкупно 3.518 тестови на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж
Вкупно девет починати: Двајца мажи жртви на корона вирусот, едниот на 45 години другиот на 78
СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки