Дваесет и два нови случаи на заболени од коронавирусот се регистрирани изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство.
По градови во Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12:00 часот изнесува 241 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 143, Дебар – 45 од кои 2 починати, Куманово – 20 од кои 1 починат, Штип – 8, Прилеп – 8, Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои 1 починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега
Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот